Беше прогласена за најубаво девојче на светот: Порасна и еве како изгледа дека (ФОТО)

Беше прогласена за најубаво девојче на светот: Порасна и еве како изгледа дека (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Го освои светот како мала, а продолжува да го освојува и сега...

Сите се сеќаваат на нејзините фотографии кои го заобиколија светот. Кога имаше само 10 години стана светски популарна, поради тоа како изгледа. Беше прогласена за најубаво девојче на светот.

Таа е Тилан Блондо, францускиот модел кој го освои свеотт на помалку до 10 години. Уште од тогаш почна сериозно да се занимава со моделинг, а таа кариера уште не ѝ е здодевна. Денес, околу 11 години подоцна, Тилан и понатаму се занимава со мода и изгледа прекрасно.

Беше главна ѕвезда, а изгледа дека популарноста не успеа да ја промени и да не потклекне пред светските трендови и да направи милион пластични операции за да изгледа како уште еден клон. Тилан и понатаму изгледа природно.

Еднакво добро изгледа и со шминка и без неа. И понатаму е популарна иако за неа толку не се зборува. Не прави никакви скандали, ниту драми, само ужива.

Беше еден од најмладите модели кои некогаш се појавиле во легендарниот магазин „Вог“. Тоа дефинитивно е голем успех. Тогаш понудите за работа во модниот свет само се нижеа, а денес е сопственичка и на брендот за облека „Heaven May“.

Дури и во 2018 година беше на првото место на листата „Најубаво лице на годината“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: