Беше уапсена поради дрога, се бореше со зависноста од алкохол, вереникот ја претепа: Линдзи Лохан се породи и комплетно го промени живототот
Актерката
Линдзи Лохан и нејзиниот сопруг Бајдер Шамас станаа родители!
Пред неколку месеци, Линдзи Лохан која се омажи за Шамас во 2021 година, ги изненади сите кога откри дека е во друга состојба и очекува момче. Таа се породила во Дубаи, каде живее со сопругот, а својот прв наследник го нарекле Луаи. Името е од арапско потекло и значи „штит“ или „заштитник“.
Лохан последен пат беше фотографирана на 9 февруари на ревијата на Кристијан Сириано во Њујорк. Актерката тогаш носела широка облека, и никој не се ни посомневал дека е очекува дете. Таа објавуваше фотографии и на Инстаграм, но секогаш го криеше долниот дел, па и таму никој не можеше да заклучи дека таа е всушност бремена. Дури подоцна почна да споделува фотографии во поодмината бременост.
Кариерата ја започнала како дете, а вртоглав успех и донесоа бројните улоги, но и проблемите со алкохолот. Продуцентите и режисерите не сакале да соработуваат со неа, а папараците имале полни раце работа особено на нејзината забава, додека таа се сопнувала покрај пијаните пријатели. Била во притвор и поради возење во пијана состојба, по што била осудена на затвор и 120 часа општествено корисна работа.
Казната беше преиначена во домашен притвор 35 дена. Набрзо повторно била уапсена, а полицијата пронашла и кокаин во автомобилот. Беше осудена на условна казна.
По веста дека проблематичната актерка испратена на рехабилитација, објавено е дека се свршила со милионер од Русија. Само неколку недели по оваа објава, следуваше уште еден скандал дека Линдзи била претепана од нејзиниот вереник, кој и викал и ја туркал додека биле на плажа, а видеото стана вирално на социјалните мрежи!
linddsayLohan/Istagram