Бев многу нервозна: Лиза Кудроу имала трема од настапот со Лејди Гага во специјалната епизода од „Пријатели“

Бев многу нервозна: Лиза Кудроу имала трема од настапот со Лејди Гага во специјалната епизода од „Пријатели“

Објавена во: Stars // Филм

Поп ѕвездата гостуваше во специјалната епизода од серијата, во која се обедини актерската екипа...

Поминаа точно 10 дена откако беше емитувана специјалната епизода од серијата „Пријатели“ во која за првпат пред камерите се обединија сите актери.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер беа во центарот на вниманието, но имаа и добри гости, меѓу кои беше и Лејди Гага.

Таа, заедно со Лиза, ја изведе верзијата на познатата песна „Smelly Cat“, која Фиби ја изведуваше често во кафулето „Central Perk“.

Кудроу во емисијата на Елен Деџенерис откри дека имала голема трема пред да запее со Гага.

„Бев многу нервозна. Морав повторно да ја научам песната, бидејќи ја имав заборавено. Со денови вежбав на гитара, дури ги гуглав и акордите на песната. Во еден момент ми се затвори грлото, не можеше ни гласот да ми излезе“ - рече таа и додаде дека за малку ќе заплачела кога Гага ѝ се заблагодарила бидејќи го задржала ликот на Фиби „поинаков“ за време на 10 - те сезони.

„Кога ми го кажа тоа, за малку ќе заплачев, особено бидејќи тоа дојде од неа. Гага инспирираше многу генерации да бидат свои и автентични“ - заврши Лиза.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: