Бев само еден час на сонце, погледнете на што личам: Какви се последиците ако не користите заштитен фактор? (ВИДЕО)

Бев само еден час на сонце, погледнете на што личам: Какви се последиците ако не користите заштитен фактор? (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Ја осудија зошто не користела заштита од сонце...

По еден час поминат на сонце, девојката по име Ева изгорела до таа мера што по лицето ѝ се појавиле пликови. Несреќната девојка своето искуство го споделила на ТикТок и ги шокирала следбениците.

Луѓето не можат да веруваат дека девојката за само еден час престој на сонце успеала да изгори волку.

Девојката откри дека доживеала топлотен удар, состојба предизвикана од прегревање на телото.

Првиот ден, нејзиното лице почнало да се затегнува и да отекува, и да ѝ се појавуваат пликови. По неколку дена, кожата на лицето почнала да ѝ се лупи.

@evajones__

British weather xx

use this if youre gay - alex

Луѓето масовно го коментираат видеото, прашувајќи се дали користела крема со заштитен УВ фактор. Додека некои сами заклучија дека не користела ништо за да ја заштити кожата и остро ја осудија.

Изложувањето на сонце без никаква заштита може да биде многу штетно за кожата, особено кога ќе ви изгори кожата. Според зборовите на лекарите, ваквите ситуации значително го забрзуваат процесот за добивање на рак на кожата.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: