Без градник и неиздепилирана: Ќерката на Мадона се појави во издание за кое ретко би се осмелил
Ќерката на поп иконата Мадона и Карлос Леон, Лурдес Леон е фотографирана во Њујорк во многу слободно издание.
Папараците Лурдес ја „уловиле“ за време на ручек со пријателите, а лавина од коментари предизвика нејзиниот имиџ. Имено, Лурдес ја пропагираше слободата на жените дека со своето тело може да прават што сакаат, па така одбра да не се издепилира и покрај топлите летни денови.
Освен тоа, таа нема облечено ниту градник, а ова нејзино издание го подели светот на оние кои се восхитуваат на нејзината храброст и оние кои велат дека е потполно невкусно.
фото: Profimedia