Би купиле ли некогаш ваква облека? ТикТокерката тестираше чизми со најголема платформа која некогаш сме ја виделе (ВИДЕО)
Секој производ наоѓа свој купувач и има девојки кои обожаваат високи потпетици, но овие се навистина екстремни...
Брачната двојка Лесли и Рики стана популарна на социјалните мрежи, поради пренковите кои си ги прават еден на друг. На ТикТок со своите видеа средовно ги смеат своите повеќе од 3 милиони следбеници.
Во видеото кое е прегледано повеќе од 7 милиони пати, Лесли ги покажува чизмите со платформа, висока 25 сантиметри. Бидејќи има дами кои обожаваат вакви високи потпетици, ТикТокерката одлучи да тестира какво е чувството одеднаш да добиеш 25 сантиметри на својата висина и колку таквиот вид на обувки се практични за секојдневна употреба.
@himandherofficial Who wants to see my husband’s reaction to them!? #relationships #couplecomedy #funny #marriedlife #dollskill Blue Blood - Heinz Kiessling & Various Artists
Би кажале дека Лесли сепак не е родена за живот на волку високи потпетици, па изгледа смешно во овие чизми со највисока платформа, која некогаш сме ја видиле.
Но, сними уште едно видео на кое се гледа реакцијата на нејзиниот сопруг. Иако не можеме да генерализираме, факт е дека момчињата не ги забележуваат промените на девојките, како што е промената на фризура, а купувањето на нова облека или обувки често тапи поминува незабележано.
@himandherofficial These boots were made for walking #relationships #couplecomedy #funny #marriedlife #dollskill original sound - Ricky & Lesly
Но, кај овој тип на обувки дури и момците со слаби способности за забележување, би биле привлечени. Така и сопругот на Лесли остана шокиран, односно се смееше до солзи, не верувајќи на она што го гледа.
Во еден момент Лесли го прегрнала, покажувајќи му колку е повисока од него.
фото: Принтскрин / ТикТок