Би платиле ли 370 долари за оваа блуза: Сите се прашуваат што е со стилот на една од најубавите жени во светот
фото:PROFIMEDIA
Никој не би ја препознал Џиџи Хадид на улица вака облечена.
Неодамна познатата манекенка Џиџи Хадид стана мајка на девојчето Каи и од тој момент е максимално посветена на неа.
Американските папараци редовно успеваат да ја фотографираат една од најубавите жени на светот додека шета со бебето по улиците на Њујорк, но во последно време е тешко да се препознае.
Чудните комбинации на облека станаа вообичаени кога станува збор за стилот на Џиџи. Ниту најновите фотографии од папараци не се исклучок!
Џиџи беше фотографирана во стајлинг во екстремно светла жолта нијанса: избра комплет кој се состои од тренерка и широка блуза која изгледа како машко парче облека.
Патем, цената на овој стил со потпис на брендот Amiss Conception воопшто не е занемарлива или евтина - за блузата ќе треба да издвоите 366 долари (над 19.000 денари), долниот дел чини 395 долари (над 20.000 денари)!
На главата, Џиџи носеше розова капа од Прада, заштитна маска во розови нијанси, но и очила, така што дефинитивно никој не може да ја препознае.
Како ви се допаѓа нејзиниот избор?
фото:profimediaизвор:GLOSSY