Би сакала да можам да го почувствувам мирисот и вкусот на кафето: Емина Јаховиќ за борбата со коронавирусот

Би сакала да можам да го почувствувам мирисот и вкусот на кафето: Емина Јаховиќ за борбата со коронавирусот

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката Емина Јаховиќ веќе некое време ја води битката со коронавирусот. Емина сега им се обрати на своите следбеници на Инстагрма и ги предупреди колку короната е опасна.

„Никогаш не сум размислувала за тоа колку се важни сетилата за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Јас мислам дека ова не е вирус, туку отров. Ова е потполно лудило. Болеста воопшто не е лесна, затоа ве молам сфатете ја сериозно колку што можете“ - наведе пејачката во своето обраќање и додаде:

„Мислам дека било кој, кој има корона или ја прележал точно знае за што јас зборувам. Луѓе, останете само здрави. За овој Ден на вљубените јас би сакала да можам да го почувствувам мирисот и вкусот на кафето или прекрасниот мирис на цвеќињата“ - заврши Емина.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: