Би сакале ли да живеете во град во кој нема политика, религија и пари

Би сакале ли да живеете во град во кој нема политика, религија и пари

Во овој неверојатен град луѓето живеат без политика, религија и пари. Иако звучи како утопија, тој град навистина постои и се вика Ауровил. Во овој округ во Индија дозволено е мажите и жените од сите националности да живеат во мир и хармонија.

Основан во 1968 година, Ауровил или „Градот на изгрејсонцето“ е под заштита на УНЕСКО, бидејќи неговото население го сочинуваат повеќе од 50 нации и различни култури.

Често се фокусираме на различностите кои не разделуваат, било да се работи за политика, економија, духовност, а резултат се границите кои ги создаваме. Но, во Аурвил нема потреба да се креваат ѕидови меѓу луѓето, бидејќи не постои ограничувачки систем. Нема пари, нема религии, и нема политика. Луѓето се во состојба мирно да живеат.

Наместо влада, самоформирани комитети го водат градот, а наместо пари користат „аурокард“. Алкохол не може да се купи внатре во градот, а на автомобилите им е забрането да возат на нивните патишта. Но, всушност, ниедно правило не е на сила применето бидејќи не постои официјална влада или полициски сили. Наместо тоа, градот се потпира на довербата меѓу населението.

Утописката верзија на Ауровил потекнува од духовниот водач Мира Алфас, попозната како „мајката на Ауровил“. Таа го нацртала првиот план на градот во 1960 година кога градот го поделила на четири зони: индустриска (органска фарма), културна (продавници и бизнис), стамбена и интернационална (дел за посетители).

Истата година францускиот архитект Роџер Ангер ја трансформирал нејзината визија во план кој се состоел од спирални куќи, јавни згради, фарми и шума. Оттогаш, разни организации почнале проект за напредок на Ауровил во оригинална верзија.

Оваа мала заедница тежи да биде одржлив еко град во кој комбинираат дрва на овошки и полиња пченка, а кој е организиран во 15 фарми и се простира на површина од 2,5 хектари. Педесет селани и 300 соседи работат на фарми, кои произведуваат житни култури. Исто така, сами се снабдуваат со мелко и млечни производи, како и сезонско овошје.

Во Ауровил постојат и многу други проекти, од школо, информациони технологии до обновлива енергија и ракотворби. Како резултат на тоа, 4-5000 луѓе се вработени во градот од околните села.

Погледнете го видеото:



Можеби ќе ве интересира: