БИДЕТЕ ХУМАНИ: Заборавете на скапи подароци за наставничките

БИДЕТЕ ХУМАНИ: Заборавете на скапи подароци за наставничките

Објавена во: Совети // School zone

Според Законот за вработените во јавниот сектор, член 39, просветните работници не смеат да примаат подароци што ја надминуваат вредноста од 1.000 денари или подароци добиени од иста личност чијашто вкупна вредност надминува 3.000 денари во дадената година.

Овој член од Законот секогаш е најактуелен во овој период на годината, околу Денот на жената. Пред 8 - ми Март, учениците масовно собираат пари со цел да купат најдобар и најсовршен подарок за својата класна. Помалку е логично дека кога нешто ќе добиете на подарок не се враќа, па затоа главната улога овде треба да ја одиграат учениците и нивните родители, кои се одлучуваат за скапи подароци. 

Вредносните ваучери од најразлични продавници, филигранските изработки, медалите и пехарите за најдобар професор, портрети, накит од познати бредови... се само дел од опциите, за кои се одлучуваат тие. Во нашата држава во принцип се собираат од 100 до 200 денари, но и повеќе од дете. Доколку се земе предвид дека во едно одделение или клас има 30 ученици, станува збор за сума од 3.000 па до 6.000 денари. 

Ова е уште еден доказ дека вистински вредности во животот полека изумираат, а акцентот се става на материјалното. Букет цвеќе е сосема доволен подарок за на вашата класна да ѝ го честитате Денот на жената, а воедно да ѝ подарите внимание.

Сте размислиле ли некогаш за опцијата, истите пари што ги собирате за подарок, да ги пренасочите за да помогнете на некој ваш соученик, кој доаѓа од социјално загрозено семејство? Сте размислиле ли некогаш кога ги собирате овие пари, дали секое дете има да даде пари и дека можеби некој се откажува од својот оброк за да ги даде? Доколку е „НЕ“ - размислете. Вашата класна можеби ќе биде посреќна и погорда кога ќе слушне ова. 

И.М.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: