Бидете подготвени: Се знае датумот на излегување на новата сезона на „Emily in Paris“ (ВИДЕО)

Бидете подготвени: Се знае датумот на излегување на новата сезона на „Emily in Paris“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Втората сезона од омилената серија „Emily in Paris“ беше објавена во декември минатата година, а сега е откриено кога ќе пристигне третата...

Нетфликс конечно објави кога ќе пристигне новата сезона на серијата „Emily in Paris“ и мораме да кажеме дека тој датум се наближува. Имено, третата сезона ќе пристигне на 21 декември оваа година.

Што се однесува до актерската постава, Лили Колинс која го глуми ликот на Емили, секако, останува во серијата, а со неа сигурно ќе останат и Камиле Разар (Камиле), Филипин Лерој-Болие (Силви) и Ешли Парк (Минди).

На девојките сигурно ќе им се придружи и Лукас Браво како Габриел и Лусиен Лависконт како Алфи, што значи дека можеме да очекуваме уште љубовни заплети и пресврти.

Секако, најголемиот расплет кој го очекуваме е оној дали Емили ќе остане во Париз или ќе се врати во Чикаго, но и како ќе го преболи тоа што Габриел и Камиле почнаа да живеат заедно.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: