Бидете внимателни: 6 знаци кои упатуваат дека некој ви „чепкал“ по телефонот

Бидете внимателни: 6 знаци кои упатуваат дека некој ви „чепкал“ по телефонот

Денес многу лични податоци и значајни информации ги чуваме во нашите паметни телефони, па поради тоа воопшто не е добро безбедноста да биде загрозена.

А, за да може полесно да препознаете хакирање, односно дали некој ви „чепкал“ по телефонот, порталот Genmice состави листа од шест најчести „симптоми“ кои укажуваат на тоа:

# Самиот се рестартира

Не постои ниту една причина поради која телефонот, доколку е исправен, самиот од себе да се исклучи и вклучи.

Доколку забележите дека се рестартира самиот од себе, тоа може да биде знак дека телефонот или ви е „заразен“ со некој вирус или е хакиран.

# Не може да се исклучи

Неможноста да го исклучите уредот претставува уште еден знак дека телефонот, можеби е хакиран,

Наместо да се исклучи кога вие сакате, телефонот често ќе си отвара различни апликации, светлината на екранот самата од себе ќе се менува и слично.

# Загревање

Телефонот често може брзо да се загрее за време на полнењето. Иако тоа не е посебно добар знак, доколку тоа е единствената ситуација кога температурата му расте, тогаш не треба да се грижите.

Но, доколку забележите дека се загрева самиот од себе и кога не е на полнач, односно кога го користите или не го користите, безбедноста на вашите податоци во него може да биде загрозена.

# Непознати броеви во повици

Кога ќе погледнете листата на неодамнешни повици, дали ги препознавате сите броеви? Доколку тоа не е случај, тогаш би требало да обрнете внимание и да преземете нешто за да бидете сигурни дека телефонот ви е безбеден. Истото важи и за повиците со непознати брови од странство.

# Голема потрошувачка на мобилни податоци

Би требало да знаете колку гигабајти имате на располагање во својот пакет доколку сте постпејт корисник, односно колку интернет имате купено доколку сте припејд. Сепак, не е лошо повремено да ја проверувате потрошувачката на мобилните податоци во апликацијата на својот оператор. Доколку забележите дека нешто не е во ред - тоа може да биде знак дека сте хакирани.

# Случајни апликации

Не е толку ретко непознати апликации од чиста мира да ви се појават на телефонот. Доколку ви се случи тоа, може да постојат две причини: или е во прашање некој пробелм или некој ви го хакирал телефонот. Во двата случаи вашите податоци се потенцијално загрозени.


Можеби ќе ве интересира: