Биди секогаш бескрајно заштитена: Првите зборови кои Хурем ѝ ги посвети на новоредената ќерка
Уште еден член во семејството на познатата актерка...
Турската актерка Мерием Узерли, која се прослави како Хурем Султан во серијата „Величествениот“, се породи на 8 јануари и го роди своето второ дете.
Актерката ја сподели среќната вест на „Инстаграм“, каде објави и фотографија на која позира со новороденчето во раце, а емотивната сцена ги разнежни сите.
Мерием доби ќерка, а од фотографијата може да се види дека девојчето веќе има коса. Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.
„Вчера, 8 јануари, драга моја Лили Кои ... Лара, тато и јас сме среќни што си дел од нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи“ - напиша убавата Маријам, а честитки следуваа во коментарите.