Бијонсе и Адел: Како изгледале во детството

Бијонсе и Адел: Како изгледале во детството

Бијонсе деновиве е актуелна со нејзината модна колекција Adidas x Ivy Carter, a ќе се најде и на насловната на „Вог“ за декемвриското издание.

Од друга страна пак, кога станува збор за Адел, таа се уште е тема број еден на зборување на светско ниво, не само поради нејзиниот изглед и драстично намалување на килограмите, туку и поради тоа што беше домаќинка на SNL, појавувајќи се за прв пат откако ослабна, каде покажа дека покрај тоа што убаво пее и изгледа, таа е и доста интересна.  

Денес, Бијонсе и Адел се едни од најпознатите личности на светот кои не можат никаде да се појават, а околу нив да не настане хаос од маса луѓе кои ги молат за автограми и селфиња.

Во продолжение ви претставуваме фотографии од нивното детство за да ви покажеме дека тие не се супер луѓе и дека не се родени специјални, туку со својата работа и труд успеале да станат славни и да станат вистински светски икони.

#Адел

#Бијонсе


Можеби ќе ве интересира: