Бијонсе и Џеј Зи на својата ќерка ѝ ja подарија круната на Биги: Дали ова ги прави родители на годината?

Бијонсе и Џеј Зи на својата ќерка ѝ ja подарија круната на Биги: Дали ова ги прави родители на годината?

Објавена во: Совети // Семејство

Ако прашате било кој обожавател на Notorious B.I.G. за неговата позната пластична круна која минатата година беше продадена на аукција за 600.000 американски долари, тој веднаш ќе знае за што зборувате...

Помалку познат факт е дека оригиналната цена на оваа круна е всушност 600 долари! Според вестите од минатиот вторник, Бијонсе и Џеј Зи наводно ја купиле оваа круна за својата ќерка Блу Ајви, која беше видена со неа на главата, прославувајќи за својата прва Греми награда. Обожавателите веднаш забележаа што носи девојчето, а коментарите беа, како и обично, измешани - некои беа целосно незаинтересирани за ова, додека други беа револтирани од фактот дека моќната двојка потрошила повеќе од половина милион долари на круната од пластика, додека третите беа упорни во своите тврдења дека ова не е истата круна. Меѓутоа, ако се потсетиме дека Блу Ајви порано доби Барбика од 80.000 долари на подарок од нејзините родители, ова воопшто не треба да не изненади.

Инаку, Блу Ајви стана втората најмлада личност на светот која доби Греми, благодарение на својата улога во музичкото видео на нејзината мајка, „Brown Skin Girl“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: