Била говорник во седиштето на ОН, а денес е добитничка на најголемата постдипломска стипендија на светот

Била говорник во седиштето на ОН, а денес е добитничка на најголемата постдипломска стипендија на светот

Објавена во: Совети // School zone

Анела Арифи е 23 - годишна девојка од Тузла и дипломиран инженер во две области на еден од најпрестижните универзитети. Како помлада, таа дури беше и еден од говорниците во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Во моментов е добитник на наголемата постдипломска стипендија во светот, а за zenski.ba, го откри рецептот за постигнатиот успех.

„Секогаш сакам да размислувам за новите работи и за тоа како можам да ги остварам, бидејќи постојат многу работи што сега треба да се откријат. Исто така, сакам интердисциплинираност. На пример, дел од еден до моите енергетски системи е инспириран од протокот на воздух во мојата флејта. И, секако, мојата мајка, мојот пример во животот, секогаш ми кажува дека не постои бариера што може да ме спречи да размислувам и да иновинар. Никогаш не го заборавам тоа.“ - раскажа оваа 23 - годишна девојка.

Инаку, уште како тинејџерка била сестрана и успешна. Своето средно образование го завршила во Меѓународното средно училиште и во Средното музичко училиште во Тузла. Во трета година средно училиште добила можност да ја претставува својата земја, Босна и Херцеговина на најголемата научна олимпијада, Google Science Fair, каде што ја добила титулата еден од 20 најпросперитетни малди научници на светот.

На колеџот Дартмут се одлучи да студира биоенергетски инженеринг, професија која во нејзината земја и не е така застапена. По завршениот прв циклус студии во САД, добила можност директно да оди на докторски студии. Интересен е податокот што ваква понуда добил аод неколку најпрестижни универзитети во светот, како што се: Станфорд универзитетот, Универзитетот Калифорнија, Беркли, Јејл и PSU, а еве како ја донела одлука за тоа на кој универзитет да го продолжи своето образование:

„Бидејќи Станфорд Универзитетот ми ја понуди и Knight-Hennessy стипендијата, која моментално е најголема постдипломска стипендија на светот, а која го добила името по десетиот претседател на Станфорд, Џон Хенеси и ко-основачот на „Најк“, Фил Најт, се одлучив својот докторат да го земам на Станфорд.“

За десет години се гледа како среќна личност која го работи она што го сака, а со својата работа да допринесува за подобрување на нечиј живот.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: