Биле обични близначки сѐ до 11-от роденден: Потоа изгледот на едната сестра драстично се променил
Малечките близначки изгледале потполно идентично, а потоа кога наполниле 11 години работите почнале драстично да се менуваат...
Мери и Рут се вистински, неразделни близначки. Сестрите кои биле толку блиску поврзани одеднаш на 11 години почнале да се менуваат - поточно, една од нив почнала да се менува и тоа драстично. Во прашање била Мери која развила тешка зависност од храна. Како ситуацијата станувала сѐ полоша и полоша, така и односот на мајката кон нив почнал да се менува, па така Рут ја нарекувала „онаа убавата“.
„Таа секогаш беше совршената близначка. Просто, јас бев вишок“ - се присетува низ солзи Мери, гостивајќи кај Опра. Вели дека ја сака, но дека страшно се срами од неа.
Кога станале возрасни млади жени, Рут имала 54 килограми, а Мери дури 190.
Меѓутоа, врската помеѓу близначките е нешто посебно. Колку и да патела Мери и Рут патела со неа, па заболела од анорексија и булимија. Вели дека се вџашувала кога ќе помислела дека и таа може да се поправи како Мери.
„Попрво би се изгладнела до смрт, откако да дозволам да изгледам како неа“ - вели Рут.
А, пател и 13-годишниот син на Мери, Крис, кој секојдневно гледал како неговата мајка практично се убива со храната.
Така изгледало нивното прво појавување и прва приказна кај Опра, а потоа водителката ги побарала повторно по шест години. Тогаш имале 34 години, а Мери имала ужасна вест - нејзиниот син починал во сообраќајна несреќа.
Природно, следувала голема тага и депресија.
„А, потоа си реков на себе „сега е доста“. Ќе станам и конечно ќе си помогнам на себе. Сега е време да го направам она за што тој ме молеше да го направам“ - вели Мери, која ја исполнила желбата на починатиот син - ослабнала до непрепознатливост.
Пред една година имала 110 килограми, што е голем успех, доколку предвид се земе почетната килажа. По ова, Мери порача дека ова е само почеток и дека ќе продолжи да работи на себе.