
Били Ајлиш објави нова фотка: Инстаграм повторно „гори“
Откако пред четири дена го полуде Инстаграм со новата фотографија, со која откри дека сега е русокоса, младата пејачка не застанува. Били Ајлиш со таа фотографија го собори рекордот на Инстаграм со тоа што за само 6 минути собра 1 милион лајкови, а дека не е игра на случајност потврди уште еднаш.
Имено, по објавата со новото откритие, пејачката сподели уште една фотка, која идентично како и првата го „запали“ Инстаграм. Само 10 минути беа доволни, за милион лајкови, а 18 часови подоцна истата има околу 15 милиони лајкови.
Оваа лудило кое го предизвика младата пејачка не остана незабележано ниту на останатите социјални мрежи, каде што постојано ја споделуваат.
Можеби ќе ве интересира:
