Били Ајлиш повторно со нова фризура: Прво шокираше со промената на бојата, а што направи сега?
Кога Били ја покажа својата нова боја на коса на Инстаграм пред 3 недели, таа објава стана една од најлајкуваните на оваа социјална мрежа...
Сите беа убедени дека тоа е сè, кога се промените промените на фризурата во прашање, но Били сега ја покажа својата најнова фризура, бидејќи тоа за неа беше само фаза на транзиција. Нејзините популарни „curtain bangs“ се чинеше дека не седнаа.
Овој пат промената не е толку драстична како првиот пат, но сепак станува збор за сосема друга фризура. Бојата е малку поладно руса, за разлика од порано, но главната ѕвезда на новата фризура се шишките. Иако некогаш носеше „curtain bangs“ кои сега се во тренд, Били со нови фотографии покажа дека сепак се ослободи од нив и ги претвори во стандардни шишки. Покрај тоа, таа се одлучи и за боб фризура.
Дали оваа последна промена на фризурата ќе предизвика лавина и девојчињата ќе почнат да си прават шишки? Тоа е навистина можно. Шишките на Били изгледаат одлично, и поради тоа другите ќе добијат потреба да експериментираат. Пред да ја покаже својата руса коса, таа откри дека носела перика во јавноста цели 2 месеци, така што никој не знаел што сè правела на косата додека не одлучи да го покаже тоа.