Били Ајлиш се префрла во актерските води: Најави дека глуми во серија, обожавателите се воодушевени

Били Ајлиш се префрла во актерските води: Најави дека глуми во серија, обожавателите се воодушевени

Објавена во: Stars // Филм

Долго нема издадено нова музика, а ова можеби е една од причините...

Познато е дека познатите личности преминуваат од светот на музиката во актерскиот и обратно. Кога еднаш ќе станеш познат во Холивуд, сакаш да се испробаш во сѐ. Така, Били сега ќе може да ја гледаме во серија, а еве што знаеме за тој нејзин нов проект.

Били ја промени кариерата, но се надеваме дека ова нема да биде засекогаш. На својот Инстаграм профил, официјално им откри на обажавателите дека наскоро ќе може да ја гледаат во серија. За жал, нема да ја има во секоја епизода, туку е највено дека ќе биде гостин од светот на познатите во една од епизодите. Станува збор за серијата која се вика „Swarm“ и изгледа дека Били во неа би можела да има некоја помалку мрачна улога, што всушност изгледа идеално за неа. Објави краток исечок во кој може да ја видиме во нејзината нова улога.

Она што на Imdb го пишува за серијата е дека станува збор за млада девојка чија опсесија се поп ѕвездата добива мрачен тек. Во главните улоги има и некои познати личности, како Клои Бејли, новата Мала сирена, а во една од епизодите ќе се појави и Парис Џексон, ќерката на Мајкал Џексон. Веќе многу се зборува за оваа серија, бидејќи трејлерот навистина ги заинтригира луѓето.


За ликот кој го глуми Били засега не се откриваат многу детали, најверојатно сакаат сѐ да чуваат во тајност до самиот крај. Она што го знаеме е дека ликот што таа го глуми се вика Ева, а ликот најверојатно е мрачен. Во секој случај, судејќи според коментарите на обожавателите, би кажале дека се воодушевени. Тие се навлечени по самото објавување на трејлерот. Дури и ако Били ќе биде само во една епизода, од трејлерот изгледа дека оваа серија би можела да биде интересна.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: