Били Ајлиш со комбинација во каква што светот првпат ја гледа: Кој би кажал дека некогаш ќе го облече ова?

Били Ајлиш со комбинација во каква што светот првпат ја гледа: Кој би кажал дека некогаш ќе го облече ова?

Објавена во: Мода // Moj стил

Апсолутно неочекувана промена во модниот стил на пејачката...

Навикнати сме секогаш да ја гледаме во широки панталони, без разлика дали станува збор за долги или до колена, и широки маички. Тоа е Били. Секогаш. Затоа сите особено ги изненади кога сподели фотографија на која носи модно парче во кое никој не очекуваше дека ќе се појави - здолниште.

Од сите модни комбинации, последната во која би ја замислиле Били е здолниште или фустан. Тоа не е комбинација која било кој би очекувал да ја види на неа. Но, Били не би била Били доколку повремено не нѐ изненади. За последната фотографија за на Инста, своите добро познати панталони ги замени со мини здолниште. Иако, за да не биде премногу и за на неа да остане еден дел од претпознатливиот стил, младата пејачка носеше широк дуксер.

Фотосесијата беше направена за нејзината нова колекција облека што ќе се појави како дел од претставувањето на документарецот за нејзиниот живот „The World's a Little Blurry“. Комбинацијата на широк и помалку „оверсајз“ дуксер и карираното здолниште изгледа одлично и би можело да послужи како испирација за вашите пролетни комбинации. Пејачката на сево ова додаде и високи чизми. Дефитивно изгледа одлично. Со ова најави дека планира да се одмори од зелениот раст како знак за започнување на нова „ера“.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: