Битола денес ќе го слави роденденот на Горан Стефановски
На денешен ден, 27 април 1952 година во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски.
„Да беше жив, на оваа дата ќе го славевме неговиот 71 роденден. Прерано не напушти, во својата 66 година од животот. Но, некои луѓе имат само дата на раѓање, а ние како битолчани, овој човек треба посебно да го славиме.
Така, во заеднички разговор со неговиот брат Влатко Стефановски, кој е наш драг пријател се роди идејата во негова чест и датата кога се роди нашиот Шекспир, да организираме концерт во неговиот роден град„-истакнуваат од Божиновски часовници и накит кои стојат како организатори на овој концерт.
Малку историја….
Горан Стефановски е роден е во Битола, на улицата Београдска бр.5 во куќата на семејството Зиса, која ја делеле родителите на Горан, со познатото актерско битолско семејство Чоревски. Браќата Благој и Борис Чоревски се сеќаваат дека тие живееле на долниот кат, а Стефановски живееле на горниот кат. Биле многу блиски, па поканата да ја делат куќата била идеја на битолскиот актерски познат пар Трајко и Ратка Чоревски.
Во Народниот театар во Битола, Горан ги направил првите детски чекори во периодот кога татко му, Мирко Стефановски беше и актер и кратко време и директор. А неговата мајка Нада, била актерка. Замислете го тоа мало љубопитно дете низ стариот театар во Битола, несвесно дека во една блиска иднина, дури 9 негови претстави ќе бидат поставени во овој театарски храм, ќе доживуваат бројни изведби пред преполно гледалише, ќе добиваат награди на фестивали и ќе го слават неговото име.
Неговата последна средба пред смртта, а со асоцијациите на Битола и детството. беа во Лондон, кога нашиот битолски театар го играше Шекспир во славниот Глоуб театар. Горан, со група од битолските актери, после претставата во еден лондонски паб покрај Темза, се сеќаваше на Битола и на своето детство.
Концертот во Битола, ќе се одржи денес на роденденот на Горан, 27 април во Офицерски дом во Битола. Влатко Стефановски ќе настапи на звучен систем од Теохаров аудио. Актерот Борис Чоревски, ќе евоцира спомени и ќе изведе делови од драмите на Стефановски во кој самиот настапувал. Камник винаријата, се приклучува како голем пријател на културата и настаните кои целат кон создавање на триумф за сите сетила. Општина Битола се јавува како поддржувач на овој настан.
По концертот во Офицерски дом, планиран е афтер во култниот битолски џез клуб Порта Џез, каде ќе настапи Агни Авшар со својот сензуален вокал, кој оживува џез и латино стандарди, евергрини и џези изведби на современа музика.
Така што денес Битола ја очекува вистинско уметничко уживање, осмислено во чест на Горан Стефановски.
* ПР - објава