Благодарна, жива и никогаш посреќна: Шијакоска со емотивно видео се присети низ што сѐ помина во 2022 година (ВИДЕО)

Благодарна, жива и никогаш посреќна: Шијакоска со емотивно видео се присети низ што сѐ помина во 2022 година (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Александра Шијакоска имаше тешка година зад себе, по четири операции на главата храбро се избори за сопствениот живот и стана симбол на надеж.

Сега секојдневно им се заблагодарува на најблиските и сите оние кои ѝ пружале поддршка во најтешките мигови, и потсетува дека секој од нас треба да научи да споделува со другите и само на тој начин ќе успееме да си помогнеме и ќе си бидеме поддршка.

Сега кога се гледа крајот на оваа 2022 година, Александра сподели емотивно видео со снимки од болницата и сите оние тешки моменти кои ги поминала, заедно со моќна порака која секој треба да ја прочита и прекрасен крај на годината кога се закити со бројни награди за инфлуенсер на годината:

- Споделувањето на тоа како се чувствувате длабоко во себе не е покажување слабост, не е ни лигавење, кукање или барање да ве сожалуваат, напротив потребно е храброст и сила за да го извадите тоа од себе и да го споделите со други луѓе. Колку повеќе го разговарате тоа со други луѓе толку побрзо сфаќате дека поминало. Секојдневно добивам пораки од луѓе кои се соочуваат со истото или слично, па ова го правам за нив. Јас немав некој близок пример за да ми даде надеж дека се ќе биде во ред еден ден, па јас сметам дека со причина ми била доделена оваа улога во животот. Да бидам тука за сите кои се соочуваат со нешто слично и да знаат дека еден ден сѐ ќе биде во ред. Можеби не денес, можеби не утре и можеби не наредниот месец, но само едно е вистина еден ден ќе бидете шампиони.
Благодарна, жива и никогаш посреќна. 


Даде одговор на многуте неодговорени прашања: Александра Шијакоска за последен пат зборуваше за операциите на тумор на главата (ФОТО)


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: