Близначка на Ријана: Девојката која изгледа како познатата пејачка открива дека не го забележала тоа сама

Близначка на Ријана: Девојката која изгледа како познатата пејачка открива дека не го забележала тоа сама

Објавена во: Stars // Музика

Како е можно да изгледаш како близначка на Ријана и да не бидеш свесна за тоа? Авери почнала да ја забележува сличноста дури откако другите почнале да ѝ го повторуваат тоа цело време. Доволен е само еден поглед што би можеле да помислите дека таа е вистинската Ријана.

Кога на социјалните мрежи ќе се појави некој кој навистина многу личи со некоја позната личност, сите го пребаруваат за да проверат дали навистина е така. Авери е девојката околу која се крена голема прашина. И тоа затоа што изгледа како да е сестра близначка на популарната пејачка Ријана. Видеото во кое има ставено филтер на лицето кој ја има изобличено, а потоа на крајот го покажува своето вистинско лице експлодираше и стана вирално. Не секој ден можеш да налеташ на некој кој изгледа како Ријана, особено бидејќи станува збор за пејачка која е преубава.

@notavrey

u give me feelings #fypage

U GIVE ME FEELINGS - Original Teyhanii

По него објави уште неколку видеа и сличноста е навистина неверојатна. Цртите на лицето, обликот на лцието, усните, носот... единствена разлика која е впечатлива е бојата на косата. Навикнати сме Ријана да ја гледаме со темна коса, а Авери е русокоса, но тоа е една мала ситница која не и ни важна, бидејќи изгледот на лицето е она што ја игра главната улога. Во еден момент таа Авери признава дека постојано добивала коментари од луѓето во врска со сличноста со пејачката, но дека таа самата тоа не го забележувала толку, бидејќи била навикната на својот изглед и го доживувала како свој, а не како на Ријана.

фото: TikTok - notavrey; Kathy Hutchins / Shutterstock

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: