Близначката на Кајли Џенер брутално одговори на прозивките дека ја копира најмладата милијардерка
Денес е популарно да се изгледа како Кардашијанките, бидејќи таквиот изглед се смета за она што е убаво и згодно. И така девојките ги копираат овие сестри. Една девојка изгледа како Кајли, толку многу што би можела да помина и како нејзина близначка и луѓето постојано ја прозиваат да престане да ја копира оваа позната сестра.
Се копираат фризурите кои ги носат сестрите од кланот Кардашијан - Џенер, се зголемуваат усните за да изгледаат како Кајли, се купува облеката во која тие се појавуваат... станаа феномен. А, една девојка изгледа многу слично како Кајли.
Многу луѓе поради тоа ја прозиваат дека намерно го прави тоа и се обидува да изгледа што е можно поидентично, за да добие популарност. Вистината е дека таа изгледа така. По многуте прозивки, во еден момент таа одлучи да сними видео и да им одговори на сите кои постојано ја прозиваат дека е копија на Кајли и дека сака да биде Кајли.
@nameeebihh It's Time (Official Audio) ft. Sia, Diplo, Labrinth - LSD
На сите им се обрати и никој не може да каже дека не е во право. Кажа дека таа нема ништо против Кајли Џенер, и дека ја смета за многу згодна жена, но она како ја завршува изјавата е навистина брутално.
„Јас сум родена со ова лице, таа го купи пред 4 години“ - кажа на крајот од својата изјава. Луѓето во коментари пишуваат дека се воодушевени и сите се согласуваат дека со ова ја има кажано вистината на најдобар можен начин. Почнаа да се шегуваат и ако случајно мајка ѝ на Кајли, Крис Џенер го види ова.
фото: Принтксрин / Инстаграм / ТикТок