Близначки ги добиле исти симптоми на рак во исто време, но само едната се разболела: Неверојатно, но вистинито

Близначки ги добиле исти симптоми на рак во исто време, но само едната се разболела: Неверојатно, но вистинито

Објавена во: Живот // Живот

Тинејџерка од Шкотска ги доживеала првите симптоми на рак кога на нејзината идентична близначка ѝ бил дијагностициран рак на бубрегот во 2017 година, иако таа воопшто не била болна.

На Софи Вокер (16) ѝ бил дијагностициран Вилмсов тумор на 25 октомври во 2017 година и набрзо започнала четиринеделна хемотерапија. Пет години оттогаш, два пати била во ремисија, но и четири пати повторно заболела.

Во меѓувреме, нејзината сестра близначка Меган Вокер, почнала да доживува многу од истите симптоми, иако таа воопшто немала рак. Откако на Софи ѝ биле дијагностицирани грчеви во стомакот, вклучувајќи болки во стомакот и брбот, бледило и губење на тежината.

„Кога на Софи ѝ беше поставена дијагнозата за првпат, Меган ги имаше симптоми. Луѓето постојано коментираа дека изгледа како да е болна, па дури и побледа од својата сестра. Секој тест кој постои е направен и апсолутно ништо не покажува дека нешто не е во ред со неа. Тоа е толку бизарно“ - изјави Ребека Вокер, мајката на девојчињата, пренесува „Mirror“.

По првите 27 недели од хемотерапијата, Софи била во ремисија до јануари 2020 година, кога рутинската магнетна резонанца покажала „нешто загрижувачко“ на нејзиниот 'рбет. Консултантот ја известил Ребека дека иглата со која е вметната во почетниот тумор на согија се поместила и ги проширила клетките на ракот.

По тринеделна радиотерапија, релапс во декември 2021 година и ремисија во декември 2022 година, консултантите пред само три месеци ѝ кажале на Софи дека повторно добила рецидив. 

„Еден ден ја однесовме Софи на преглед и консултантот ни кажа дека нема ништо. Но, следниот ден повторно нѐ повикаа. Сѐ што можеше да каже консултантот е дека резултатите „не се добри“ и таа почна да плаче. Софи го виде изразот на нејзиното лице и едноставно се скрши, за првпат по шест години“ - се присетува мајката.

Таткото на Софи, Џејми Вокер, ја извадил својата ќерка од собата за да ја утеши, додека Ребека останала со консултантот кој ја советувал „да ја однесе некаде и да направат спомени, додека уште е доволно добро“. Останува тимот консултанти, онколози, детски хирурзи и пластични хирурзи да се обидат да го оперираат туморот на 'рбетот.

И покрај оваа трошка надеж, Софи и понатаму тешко се бори со анксиозноста и депресијата, додека Меган се чувствува „потполно исто“.

„Меган едноставно не може да се смири ако Софи не е тука. Имаме големо семејство и сите внимаваат едни на други, но Меган многу се мачи“ - кажа Ребека.

Инаку, Софи и Меган имаат осум браќа и сестри - Џејмс (20), Емили (19), Рути (17), Даниел (13), Оливија (11), Ема (9), Нејтан (8) и Еван (8 месеци).

„Додека постарите се грижат за помладите дома, Меган останува во болница до Софи, понекогаш и до три часот наутро. Не ја остава додека не ѝ каже „Уморна сум. Сакам да спијам.“ - открива Ребека.

За работата да биде уште потешка за сестрите, во текот на целата ситуација со Ковидот, Меган не смеела да ја види Софи, бидјеќи Џејми и Ребека биле нејзините единствени два именувани посетители. И таа не можеше да се справи. Штом се укинаа стратегиите, Меган едвај чекаше да ја види сестра си.

Кога ракот на Софи се вратил во јануари, Меган исто така доброволно се пријавила на магнетна резонанца од глава до пети.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: