Близначките на Јована и Жељко наполнија 4 години: еве каква забава добија од мама и тато (ФОТО)

Близначките на Јована и Жељко наполнија 4 години: еве каква забава добија од мама и тато (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Јована Јоксимовиќ и Жеjко Јоксимовиќ, го прославиле роденденот на нивните ќерки, близначките Ана и Срна.

Тие наполнија четири години, а мама и тато, исто како и претходните години, им направија вистинска бајка под отворено небо.

Грст розово -бели рози беа дел од прекрасната декорација што Јована ја сподели на својот Инстаграм, сѐ беше подготвено за децата да уживаат и да се забавуваат.


Јована претходно зборуваше за нејзините наследници Ана и Срна, и иако се близнаци, таа истакна дека се многу различни и личат на неа.

- Тие се вистински девојки, но и тотално различни, а јас сум фасцинирана од нивната способност да ја изберат токму гардеробата која совршено одговара на нивните ликови. И нема ништо од Жеjко кај нив, само од мајка им, па се надевам дека нема да го прочита овој дел од интервјуто, за да избегнеме расправија. Се шегувам, се разбира, тие земале делче од секој од нас - рече тогаш Јована.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: