Блогерка на ТикТок откри како да ја погодите должината на фармерките без да ги пробате
Купувањето фармерки е навистина комплексен процес, особено кога е во прашање должината, а потоа и ширината и кројот, а за олеснување на истиот познатата блогерка BilliexNewland „откри“ еден одличен трик.
Ова е едноставен трик кој открива дали должината на фармерките ни одговара и за истиот не ни е потребна никаква дополнителна алатка. Имено, кога ќе ги земеме фармерките и ќе ги истегнеме и разшириме рацете, должината на ногавиците треба да ни биде до работ на прстите.
Доколку фармерките ни се до врвовите на прстите, кога се целосно истегнати, тоа е идеалната должина за нашето тело. Секако, има голем број на фармерки со различна должина, понекогаш целта е да бидат пократки, некогаш подолги, но на овој начин може многу полесно да се ориентираме, па дури и да откриеме до каде би ни биле ногавиците.
Инаку, купувањето фармерки е болна точка за многумина, затоа што има многу голем број на модели, а од таа причина и ова видео кое е објавено на ТикТок стана вистински хит.