„Блумберг“ објави листа: Ова се 10-те најбогати семејства за 2021 година
Фото:profimedia
Тие се финансиски гиганти, а нивното богатство се проценува на вртоглаво големи суми, и не, на оваа листа не се пејачи, актери, семејството Кардашијан или кралски семејства. Станува збор за семејства од различни делови на светот кои се ангажирани на различни работни места. А листата ја објави порталот Блумберг.
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето низ целиот свет и тешко е да се следи.
-Првото место го зазеде семејството Волтон, чие богатство се проценува на 238,2 милијарди долари. Тие се сопственици на малопродажниот синџир Walmart.
-На второ место е семејството Марс, кое го поседува истоимениот бренд за слатки. Нивното богатство се проценува на 141,9 милијарди долари.
-Потоа следува семејството Кохч, чие богатство се проценува на 124,4 милијарди долари, и кое е сопственик на истоимената нафтена компанија.
-На четврто место е семејството Ермес, кое го поседува истоимениот бренд луксузни чанти. Имаат богатство од 111,6 милијарди долари.
-По нив следува саудиско семејство, кое владее со Саудиска Арабија, а нивното богатство се проценува на 100 милијарди долари.
-Семејството Амбани е на шестото место со богатство од 93,7 милијарди долари. Тие го поседуваат конгломератот Reliance.
-По нив следува семејството Вертхајмер, кое е сопственик на брендот Шанел. Имаат богатство од 61,8 милијарди долари.
-Семејството Џонсон е на осмото место со богатство од 61,2 милијарди долари. Тие се сопственици на финансиската компанија Fidelity Investments.
-Следува семејството Томсон, сопственост на медиумската корпорација Ројтерс. Имаат богатство од 61,1 милијарда долари.
-На десеттото место е семејството Борингер, кое е сопственик на фармацевтската компанија Боерингер Ингелхајм. Нивното богатство се проценува на 59,2 милијарди долари.
извор:stil,kurir.rs