Боби Андонов, Македонецот од детска Евровизија ја отпеа „Јовано, Јованке“: Горд сум на моето македонско наследство (ВИДЕО)

Боби Андонов, Македонецот од детска Евровизија ја отпеа „Јовано, Јованке“: Горд сум на моето македонско наследство (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Боби Андонов, кој на јавноста го запозна како македонскиот претставник на детска Евровизија во 2008 година кога ја отепа песната „Прати ми СМС“, сега е големо момче кое се уште се занимава со музика.

Одредено време живееше во Австралија, а потоа се пресели во Лос Аџелес.

Тој на неговата официјална фејсбук фан страница објави видео како ја пее македонската изворна песна „Јовано, Јованке“.


„Ова го барам многу години - горд на моето македонско наследство, затоа ова е за вас! Моја изведба на олдтајм класикот, „Јовано, Јованке““, напиша Боби во описот.

Кариерата на Боби доживеа голем подем по учеството на австралискиот „Гот Талент“.  И токму тоа му ги отвори вратите за уште поголем планетарен успех. Потпиша договор со неколку познати дискографски куќи, а тоа значеше и осигурана слава.

Фото: Фејсбук

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: