Боџи е вистинска сензација: Куче кое го знае точниот распоред на јавниот превоз

Боџи е вистинска сензација: Куче кое го знае точниот распоред на јавниот превоз

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Овој миленик повеќе го сака возењето низ град во јавен превоз, отколку да се дружи со други кучиња...

Кучето Боџи стана вистинска сензација во Истанбул, а причината е многу симпатична. Имено, ова куче не може долго да се задржи во прифатилиштето и многу често сака да се вози во јавниот превоз. Така, поминува по најмалку 29 станици, користејќи различни начини за масовен транзит - од траект до автобус.

Неговото движење е следено од микрочип кој му го поставила Истанбулската градска општина (IBB), која се крижи за кучиња скитници. Општината исто така два пати неделно го носи во прифатилиштето, каде се проверува неговото здравје и каде добива одлична нега.

Кога персоналот од прифатилиштето ја открило страста за возење на Боџи, одлучиле редовно да шета по целиот комплекс.

„Многу му се допаѓа. Навистина, поудобно му е присуството меѓу луѓе, отколку присуството на другите животни“ - кажа работник од прифатилиштето.

Боџи ги има освоено симпатиите на патниците, па така не му пречи на никој и сите со задоволство се возат со него.



Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: