Богдана и Вељко Ражнатовиќ за првпат го покажаа домот: Направија празнична бајка за малиот Жељко
Домот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ во Тител е скришно место, каде двојката најде мир и засолниште од будното око на јавноста. Сакајќи нивното прво дете да порасне како секое друго дете, во мир и тишина, Богдана и Вељко решија да живеат живот во медиумска илегала, а многумина се прашуваат како изгледа нивниот живот зад затворените врати на семејната куќа.
Иако Богдана и Вељко се трудат својата приватност да ја сочуваат само за себе, многу обожаватели на нивната љубов ја следат скоро секоја нивна објава на социјалните мрежи, па така, на Инстаграм не помина незабележано едно стори на кое до најмал детаљ се гледа како е уреден домот на младата брачна двојка.
Имено, видеото во кое малиот Жељко си игра во пространата дневна соба, откри дека гордите родители веќе се потрудиле за да му приредат вистинска празнична бајка.
Елката веќе е украсена, како и многуте украси и фигури во празничен дух, во кои нивниот наследник ужива, без да ја тргне насмевката од лицето.
Пространата дневна соба е украсена со луксузен бел мебел, додека ѕидовите се во кафена боја, што дава совршен контраст. Сѐ е модерно уредено, а во центарот на дневната соба, во која Богдана и Вељко најчесто се дружат со пријателите и семејството се наоѓа и голем телевизор, на кој Жељко гледа цртани.