Бојан и Стефи се негова најголема љубов: Како изгледаат внуците на Дадар? (ФОТО)

Бојан и Стефи се негова најголема љубов: Како изгледаат внуците на Дадар? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Александар Билјановски, попознат како Дадар е едно од најпознатите имиња во нашата држава, кога е шминката во прашање. Тој ги разубавува едни од најпознатите жени во нашата земја, помеѓу кои е Каролина Гочева, но исто така, низ неговите магични раце поминале и многу балкански музички ѕвезди.

Не споделува често фотографии од неговиот приватен живот, па малкумина знаат како изгледа неговата сестра близначка, но затоа неговите внуци - Бојан и Стефи, се едни од најактуелните ликови на неговите профили на социјалните мрежи, барем кога е приватниот живот во прашање.

Имено, изминатиот викенд, Дадар го помина во Охрид, во друштво на внуката Стефи со која сподели неколку фотографии на Фејсбук.

„Стефи и вујче на Охридско езеро. Најдобри пријатели“ - напиша покрај фотките.

Стефи ја покажа сега, а со Бојан тоа го направи уште во февруари, кога сподели фотки од дружбата со внукот.

„Прошетка во парк“ - вака Дадар ги опиша фотографиите со внукот Бојан.

Инаку, во интервју за „Репортер“, Дадар зборуваше за своите внуци и откри дали тие некогаш барале од него да се запознаат со некоја од познатите ѕвезди со кои тој соработува.

„Моите внуци се растени со сите луѓе со кои што саработувам. Кога доаѓале кај мене во салон ги гледале тие луѓе, секако и се фотографирале со нив и се дружат приватно со нив.“ 

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: