Бојкот на Кардашијан: Фановите престануваат да го гледаат реалното шоу поради пораката што ја испраќаат во новите епизоди
Малку претераа со оваа тема...
Реалното шоу за сестрите Кардашијан сега е на удар на критики, дури и од страна на нивните фанови. Луѓето престануваат да го гледаат, бидејќи воопшто не се среќни со пораките кои сестрите ги испраќаат и работите кои ги промовираат.
Каде се Кардашијанс, таму се и драмите. Нивното реално шоу секогаш е полно со ситуации кои се „over the top“ и супер драматични, шокантни или изненадни. Сепак, постојат тмеи кои дури ниту тие изгледа не може да ги популаризираат. Во новите епизоди од својата емисија во фокус го ставија слабеење. Малку премногу ако се прашуваат обожавателите.
Многумина мислат дека пораката што ја испраќаат не е добра и не е нешто што би требало било кој да ја го промовира, а тие го прават токму тоа. Сите во последно време забележуваат колку е ослабена Ким и дека ги има изгубено своите облини. Сѐ започна со Мет Гала и обидот да се вовлече во фустанот на Мерлин МОнро. Тоа не ѝ беше доволно, па продолжи да ги губи килограмите.
Во последната епизода постојано се зборува за слабеењето, во позитивна смисла, претставувајќи го како нешто што е добро и супер. Некои престанале да ја гледаат епизодата, бидејќи постојано се истакнувало дека екстремното слабеење е цел и на некој начин и се поттикнувало кон тоа. Од комплиментот дека Клои „има помали мерки дури и од некои модели“ до коментарите како „не можам да дишам, но тоа е во ред“ кога се затегнала во корсет. Кога ќе се земе предвид колку млади девојки ги гледаат и следат Кардашијанс, јасно е дека ова не е порака која би требало да се нагласува.
@shamelesslyshelly I had to stop watching this episode because it was all about weight from the Marilyn Monroe dress to including that Khloe’s measurements are smaller than the models they usually dress. Its all so disgusting and unhealthy. #bodyimageproblems #bodyimagehealing #edrecovery #kardashians #kardashianshulu #khloekardashian #kimkardashian #weightloss #dietculture #mentalhealthawareness #celebritytiktok #popculture original sound - Shelly Ray Crossland
Порано се зборуваше дека во мода се враќа екстремната тенкост, тренд кој владееше во 2000-тите, а кој престана благодарение на Кардашијан, кои покажаа дека облините се пожелни. Па, изгледа дека облините повеќе не се пожелни. Со оглед на тоа што сестрите Кардашијан редовно поставуваат трендови, се надеваме дека нема да успеав во тоа и дека девојките нема да ги слушаат и да си поставуваат нездрави и нереални цели за изгледот на телото.
фото: Принтскрин / Инстаграм