Болката не престанува: Дарко Лажиќ допре до сите со гестот за починатиот татко
Таткото на популарниот пејач почина во декември минатата година. Сега Дарко проговори за него и откри поради што тагува...
Српскиот фолк-пејач, 29 - годишниот Дарко Лазиќ, доживеа трагедија во декември минатата година. Имено, неговиот татко Милан почина поради компликации што се појавија по операцијата на лигатура на желудник, на кои еднаш беше подложен и самиот Дарко. Сето тоа многу влијаело на пејачот, кој престанал да јаде од голема тага, па завршил на инфузија. Иако сега е малку подобро, раните сè уште се свежи. Сега тој погледна назад на смртта на неговиот татко, откривајќи дека не може да си прости.
Имено, Дарко се појави како гостин во популарната српска емисија „Ами Џи шоу“, каде откри дека му посветил песна на починатиот татко, која наскоро треба да ја види „светлината на денот“.
„Утре снимаме видео запис за таа песна. Му ја посветив на татко ми. Тоа е една приказна која е вистинита, од почеток до крај. Почнав со него како дете во клубови. Воопшто не ми е гајле дали песната ќе биде хит, ја снимам од срце“ - започна пејачот.
„Сметам дека имам обврска да го снимам тоа. Пеам поради него, започнав со него. Кога ја отпеав, снимав пет часа во студиото, поради емоциите едвај ја испеав песната“ - призна Дарко.
„Јас сум голем борец, преживеав многу во животот. Сè уште не сум плачел како маж, не можам да се помирам со фактот дека го нема. Повторно, животот продолжува, сепак семејството е на прво место. Песната испраќа порака до оние кои изгубиле родител или сакана личност. Малку ми е жал за некои кавги со него. Жал ми е што му реков некои работи, само кога ќе изгубиш некого, сфаќаш колку ти значел тој во животот“ - заклучува Дарко.