Болката за таткото не поминува ниту по 21 година: Вељко Ражнатовиќ уште еднаш покажа дека Аркан за него е крал
Жеjко Ражнатовиќ Аркан беше убиен на 15 јануари 2000 година во Белград. Оваа година, се навршуваа 21 година од неговата смрт, а Вељко Ражнатовиќ се огласи на својот Инстаграм профил во пресрет на смртта на неговиот татко.
Аркан, командантот на Српската доброволна гарда, беше убиен во хотелот Интерконтинентал во Белград на 15 јануари 2000 година. Во нападот на Аркан животот го загубија и неговите телохранители Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ.
Децата на Цеца и Аркан, Вељко и Анастасија, со години укажуваа на тоа колку им е тешко да пораснат без татко, но тие често се сеќаваат на својот покоен татко низ бројни спомени.
Во пресрет на годишнината од убиството на Аркан, неговиот син Вељко објави фотографија од Жеjко на социјалната мрежа Инстаграм, под која стави круна. Фактот дека Вељко го нарекол својот син по Аркан доволно зборува за тоа колку тој бил поврзан за неговиот татко.