Болни фотографии кои ја отсликуваат борбата со ракот на дојка: Шенон Доерти ги расплака обожавателите со својата судбина
Талентираната актерка веќе шест години се обидува да ја победи болеста, а тешките моменти ѝ покажуваат колку е силна...
Харизматичната актерка Шенон Доерти, која публиката ја засака во хит серијата „Charmed“, веќе шест години храбро се бори со рак на дојка, а за да им помогне на жените кои се борат со истата болест, сподели интимни фотографии со кои ги растажи обожавателите ширум светот.
„По повод месецот на подигнување на свеста за ракот на дојка, би сакала со вас да споделам нешто повеќе за моето патување од првата до втората дијагноза. Дали е сè убаво? Не, но е искрено и го споделувам ова со надеж дека ќе ги едуцирам луѓето и малку подобро ќе им покажам како изгледа ракот“ - започна актерката.
„Се надевам дека ќе ги поттикна, другите редовно да одат мамографија и дека ќе го пребродат стравот од можните лоши резултати. Мене ракот на дојка ми беше дијагностициран во 2015 година. Бев подложена на мастектомија и хемотерапија и зрачење. Честопати имав крварење од носот поради хемотерапијата.“ - напиша актерката и откри што ѝ помогнало во тешките ситуации.
„Не знам дали некој од вас го искусил ова. Се развеселував самата себе носејќи смешни пижами кои ми ги подари мојата пријателка Кристи. Дали навистина ми го поправија расположението? Да. Изгледав урнебесно и се смеев самата на себе. Хуморот ми помогна да поминам низ она што ми изгледаше невозможно. Се надевам дека сите ќе успееме да пронајдеме хумор во невозможните ситуации“ - ја заврши Шенон силната порака.