Болно детенце дојде пред ресторан: Она што го направи ги поттикна сите да направат добро дело како неговото
Во ресторанот дошло тешко болно момче и ја замолило мајка му за посебна услуга. Сега сите зборуваат за добрината што ја предизвика.
Пандемијата на коронавирус ја направи оваа година исклучително тешка за многу луѓе. 6-годишниот Блејд Дурам одлучил дека сака да направи нешто за да ги расположи сите.
Малото момче решило да побара посебна услуга од својата мајка.
Тој побарал со автомобилот да застанат во „McDrive“ за да може да ја плати храната за лицето што било во автомобилот зад него. Но, додека го чекале појадокот, мајката и синот откриле дека неговиот гест предизвикал низа прекрасни настани.
„Моравме да почекаме малку за да биде готова храната. Додека чекавме, излезе една жена и ми кажа дека сега сите плаќаат за личноста која е зад нив и дека сите се многу среќни и весели“ - кажа Ејми, мајката на детето.
Малиот Блејк многу добро знае како е да се биде во тешка ситуација. Тој боледува од епилепсија, но сите потешкотии ги надминува со оптимизам, пишува „Mirror“.
„Беше многу болен. За малку ќе го изгубевме двапати, но никој не може да каже дека нешто не е во ред со него или да погоди низ што поминал“ - додаде Ејми.
Бог на ова момче му дал навистина големо срце. Блејк и покрај својата болест многу често мисли на другите, а доказ за тоа е и овој пример. Тој е среќен што ѝ помага на својата мајка во домашните работи, па дури изградил и градина за птици за кои се грижи сам.
Неговата горда баба го опишува како „неверојатно, добро момче кое се бори со епилепсијата како вистински воин“.
„Тој е многу храбро момче со златно срце“ - вели бабата.
Навистина може да биде пример за сите нас и со ова ни покажа дека само едно добро дело може да направи многу голема разлика за многу луѓе.
„Не е потребно многу за да биде една личност добра. Многу сме среќни што успеавме да прошириме малку позитивност“ - заврши неговата мајка.
фото: Принтскрин / Mirror.co.uk