Bongas and Guitares со прва авторска песна - „Паѓам на спомени“
Бендот "Bongas and Guitares" изненадуваат со својата прва авторска песна „Паѓам на спомени“.
Членови на бендот, кој постои 3 години, се Дејан Ѓорѓиев гитарист и вокал и Лазар Сотиров - конги. Текстот за песната „Паѓам на спомени“ е напишан од Ивана Димова од Неготино, музиката е на Дејан Ѓорѓиев од Неготино и аранжманот е на Филип Стевановски од Штип. Песната е направена пред еден месец, а видеозаписот е на Лазар Сотиров.
Во продолжение ве оставаме да уживате во „Паѓам на спомени“.