Бракот во криза: Ким и Канје престанаа да живеат заедно

Бракот во криза: Ким и Канје престанаа да живеат заедно

Објавена во: Совети // Семејство

Овие денови се појавија првите гласини дека нешто не е во ред со бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест, а сега се појави и информацијата дека работите се сѐ полоши. Работите во овој момент се толку лоши што Ким планира да започне да живее во другата куќа за да ги избегне сите кавги.

Како што пренесува „US Weekly“, Ким и Кајне често не се разбираат. „Некогаш се на различни страни. Таа станува рано и вежба, додека тој спие до доцна. Ким постојано вежба и ја исполнува својата дневна рутина. На Канје му е многу потешко, бидејќи тој нема свои рутини“ - раскажува еден извор, но наведува и дека парот дава се од себе за да го зачува бракот. Како што објави „The Sun“, Ким смета дека е добра идеја тие некое време да живеат во различни куќи за да ги избегнат можностите од кавги.

„Работите се навистина лоши помеѓу нив, бидејќи тие двајца никогаш не поминувале волку врем езаедно, како што е случајот сега со карантинот“ - раскажува еден извор. „Сепак, таа не сака развод. За неа ова е навистина последната работа што би и текнала - особено кога ќе се сети колку проблеми имаше со јавноста по својот втор развод.“ Многумина скоро и да заборавија дека Бим беше во брак со кошаркарот Крис Хамфрис, но дека тој брак кој беше склопен во 2011 година, траеше само 72 дена.

Дека Ким и Канје не се откажуваат, можеби најдобар сведок е цветниот аранжман кој тој и го испрати по повод 6 - годишнината од бракот, а таа му возврати со фотографија на Инстаграм, на која се насмеани. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: