Братот и сестрите првпат го видоа малото братче, а глетката ќе ве расплаче (ВИДЕО)
Ова слатко видео на кое две сестри и брат се среќаваат со својот помал брат за прв пат во болница сигурно ќе ви го стопи срцето.
Сите облечени во слична облека, две девојчиња и едно момче, влегуваат во собата каде што седи нивната мајка, лулајќи го новороденото братче.
Најстарото девојче станува емотивно кога ќе го види својот помал брат, иако другите браќа и сестри го гледаат својот помал брат со стравопочит, а лицата им светат од среќа. За цело време и мајката станува емотивна, гледајќи ја нивната реакција.
Едноминутнотo видео е сладок пример за љубовта и врската што ги имаат браќата и сестрите еден за друг. Навистина е благослов да имаш браќа и сестри покрај себе.
Љубовта и поддршката на нашите браќа и сестри е една од најубавите и најсигурните работи во животот.