Браво момче Охриѓанче: Марко денес исполни голем подвиг (ВИДЕО)
Малиот Марко Пејчиновиќ од Охрид заслужува голем аплауз.
Тој денес исполни голем подвиг , го исполни ветувањето дадено на почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 испливани километри.
Голем број сограѓани го пречекаа на Градското пристаниште, а тој подвигот го заврши за време од 21 часа 42 минути.
Марко успеа да го заврши своето десетто и најдолго препливување за ова лето долго 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.