Браво златни деца: Македонските математичари освоија четири медали на Интернационална математичка олимпијада во Норвешка
На 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација постигна одличен резултат.
На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници.
Сојузот на математичари на Македонија со особена чест објави кои се златните деца кои се вратија со награди:
-НИКОЛА СПИРОВСКИ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
-ДАМЈАН ДАВКОВ (сребрен медал; со освоени 29 поени)
-БЛАЖЕ СУКЛЕВСКИ (бронзен медал; со освоени 27 поени)
-ЈАН СТОЈАНОВСКИ (бронзен медал; со освоени 24 поени)
-АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (пофалница; со освоени 21 поен)
-ЈАСНА ИЛИЕВА (пофалница; со освоени 18 поени)
Најискрени честитки за овие шест ЗЛАТНИ деца!