Бренсон, Безос или Илон Маск: Кој прв ќе ја окупира вселената?

Бренсон, Безос или Илон Маск: Кој прв ќе ја окупира вселената?

Објавена во: Живот // Живот

Компанијата „Вирџин галактик“ на милијардерот Ричард Бренсон ќе го објави својот пробен туристички лет во вселената за 11 јули, кој има намера да ги престигне Џеф Безос и неговата „Blue Origin“, чиј лет е закажан за 20 јули.

Бренсон ќе биде меѓу шесте патници во ракета со крилја што ќе полета од наменски изграден комерцијален космодром во американската сојузна држава Ново Мексико, пренесуваат светските медиуми.

Милјардерот има намера да започне да го развива вселенскиот туризам оваа година, а повеќе од 600 луѓе, вклучително и многу познати личности како Џастин Бибер и Леонардо ди Каприо, веќе платија и резервираа место.

Од друга страна, Безос ќе лета во вселената на 20 јули, што се совпаѓа со прославата на 52-годишнината од слетувањето на мисијата „Аполо 11“ на површината на Месечината.

Во трка за развој на вселенскиот туризам е и Илон Маск, со компанија „Спејс екс“, која со ракетата „Старшип“ планира да превезува патници на Месечината и Марс.

„SpaceX“ и „Blue Origin“ имаат долга историја на конфликти. „Blue Origin“ и „SpaceX“ постојано се бореа еден со друг за да имаат примат, а не само во медиумите.

Така, тие се бореа за правото да го изнајмат „LC-39A“, платформа за лансирање ракета што се користеше за лансирање на мисиите „Аполо“ на Месечината.

Кога „SpaceX“ го доби договорот за закуп во 2013 година, Blue Origin покрена тужба, а потоа ја изнајми платформата „SLC-36“.

Но, на судските процеси им нема крај, бидејќи „Спејс Икс“ покрена тужба против „Блу Ориџин“ за поништување на нивниот патент за слетување ракети на бродови на море.

Тие ја добија битката во судот во 2014 година, а потоа оваа компанија конечно успеа да лансира ракети во морето во 2016 година.

Од тужби до кавги на социјалните мрежи, двете компании дури имаа расправија на Твитер околу значењето на зборовите „користени ракети“, „ракета од земја“, „вселенска ракета“, на крајот на 2015 година, кога „Њу Шепард“ успешно слета, по суборбитален лет во вселената, наведува „Би-Би-Си“.

SpaceX претходно неколку пати ја лансираше својата ракета „Грасхопер“, без да стигне до вселената. Потоа, „Спејс Икс“ ја лансираше првата фаза на „Фалкон  9“, што беше искористено за лансирање сателити во орбитата, што ги охрабри новите битки на Твитер на почетокот на 2016 година.

На крајот на 2016 година, „Блу Ориџин“ го објави „Њу Глен“, кој се натпреварува директно против „Фалкон Хеви“ на спротивната компанија, со поголема ракета, но помал товар.

На Меѓународниот астронаутички конгрес во 2016 година во Гвадалахара, Мексико, претседателот на компанијата „Блу Ориџин“ Роб Мејерсон ја образложи визијата за Безос по објавувањето на „Њу Глен“. Според него, тој би бил сличен по функција со меѓупланетарниот транспортен систем на „Спејс Икс“, што Елон Маск го претстави на истата конференција, пренесува Си-Ен-Ен.

Во април 2021 година, „Спејс Икс“ го победи „Блу Ориџин“ со договор од 2,9 милијарди долари за изградба на месечев лендер за програмата Артемис на НАСА.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: