Бресквица е на потег: Сподели фотка на Инстаграм со брутална порака за Војаж

Бресквица е на потег: Сподели фотка на Инстаграм со брутална порака за Војаж

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Анџела и Михајло раскинаа, а по мислењето на многумина, страстите уште не им се смирени...

Откако младата музичка ѕвезда Анџела Игњатовиќ, позната под прекарот Бресквица ја прекина врската со Михајло Веруовиќ - Војаж, не престанува да ја интригира јавноста. Го промени стилот на облекување, како и бојата на косата и изгледа дека сега е посекси од порано, а нејзините обожаватели секојдневно ја опсипуваат со коментари.

Сепак, последните денови, убавата Бресквица ги покажа своите атрибути снимајќи се во провокативни изданија, како топчето од тантела, што предизвика бројни реакции. Помеѓу останатите имаше и реакцијата од страна на Војаж. Затоа и постојат сомневања дека пораката на Брексвица, која ја напиша на последната објава е посветена на него.

Имено, на последната фотографија, Анџела заводливо позира во маичка со анимален принт, фармерки и чизми. Меѓутоа, она што ги интересираше обожавателите е описот на фотографијата, бидејќи истиот алудира на разделбата со Михајло.

„Тешко е да се биде секси поранешна деовјка, но некој мора да биде и тоа“ - порача Анџела.



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: