Драмата никако да запре: Обожавателите убедени дека Војаж „удри“ по Бресквица со оваа порака

Драмата никако да запре: Обожавателите убедени дека Војаж „удри“ по Бресквица со оваа порака

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Пејачката Анџела Игњатовиќ - Бресквица привлекува големо внимавание со својот нов изглед, по разделбата со сега веќе поранешното момче Михајло Веруовиќ - Војаж.

Имено, Бресквица често објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, а многумина забележаа дека го променила својот физички изглед, што изгледа дека не му се допаѓа на Војаж.

Михајло на својот Инстаграм профил сподели стори, а судејќи според зборовите кои ги напиша, сите веднаш помислија дека истите се упатени до неговата поранешна љубов.

„Девојки, задниците и градите само привлекуваат внимание. Не го задржуваат.“ - напиша Војаж.

„Океј, јасно е на кој е упатено ова“, „Во право си“, „Ништо не погреши, повеќе не личи на онаа девојка, не е истата девојка...“, „Не е убаво што сега ја прозиваш, девојката има право да прави што сака“, „Кој вели дека ова се однесува на неа, што ви е? И да се однесува на неа, има право“ - се само некои од коментарите на фан страниците.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: