Бресквица одговори на обвинувањата дека на настапите пее на плејбек: Еве дали е тоа вистина
Обожавателите на настапите сакаат да ја слушнат неа како пее...
Многумина се разочарани кога на настапите нивните омилени пејачи не звучат подеднакво добро како кога ги слушаат на Јутјуб или кога на настапите не пеат, туку е јасно дека само ја отвараат устата.
Кога ќе платиш за карта на концерт, јасно е дека очекуваш дека ќе го слушнеш концертот, а не аудио од песната која се врти во позадина, а пејачот само да ја отвара устата. Некои популарни ѕвезди како Бритни Спирс, редовно пејат на плејбек поради лудите кореографии кои ги имаат за време на настапите. Иако ни тогаш не е оправдано, на обожавателите им даваат вистинско шоу, па некако им простуваат. Од друга страна, кога помали ѕвезди пеат на плејбек, дали е тоа оправдано? Дали е во помалите ѕвезди како Бресквица да пеат на концертите на плејбек?
Токму за тоа обвинета Бресквица од страна на обожавателите, дека на концертите не пее. И не е првпат да се шират такви обвинувања. А дали е вистина? Сега и самата пејачка одговори на нив на својот Инстаграм профил.
Призна дека е делумно вистина и дека на концеритте не пее секогаш, но даде и објаснува зошто.
Не ги откажува настапите дури ни ако е уморна или болна, бидејќи не сака да ги разочара луѓето кои купиле карти за нејзиниот концерт. И затоа некогаш пее на плејбек. Иако некои поради тоа се малку разочарани, бидејќи сакаат да ја слушнат неа, некогаш плејбекот е подобра опција, бидејќи Девито со последниот настап доказа дека некогаш не сакаме своите омилени изведувачи да ги слушаме, ако не знаат да пеат. Сите се шегуваат дека без аутотјун звучи како Бака Прасе.
@andjelabojoviic malo mu zeznuli autotune #fy #fyp #goviralgo #andja original sound -
Ако некогаш посакаш да одиш на настап или концерт на Бресквица, сега знаеш дека постои шанса дека ќе пее во живо, но и дека нема. Сè зависи од тоа каков ѝ е денот.
фото: Принтскрин / Инстаграм