Бресквица покажа каков автомобил вози: Откри и за каков сонува (ФОТО)

Бресквица покажа каков автомобил вози: Откри и за каков сонува (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Популарната млада пејачка Анџела Игњатовиќ Бресквица одговараше на прашања на обожавателите и во таа прилика призна дека се поправи, а објасни и зошто.

Освен што ужива во новата љубов по разделбата со Михајло Веруовиќ Војаж, го промени имиџот и од црвената коса никогаш нема да се откаже, како што напиша, а вредно работи и на новите песни, па до 10 април обожавателите од неа може да очекуваат нешто ново.

Она што го забележаа е дека таа има неколку килограми повеќе, а таа откри дали го сакала тоа.

„Качив неколку килограми, но тоа донекаде и го сакав. Бев преслаба, сега сум елегантно потполнета. Почнав да тренирам“ - напиша Бресквица и порача дека вака се чувствува одлично.

„Тоа е затоа што сум среќна. А и сакам да јадам, да не се лажеме“ - призна.

Во една објава покажа и каков автомобил вози, а станува збор за „Ауди“ и откри каков автомобил би возела понатаму, но и за каков сонува.

фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: