Бресквица пред почетокот на кариерата vs. денес: Како изгледала популарната пејачката на 15 години? (ВИДЕО)
Преслатка...
Животот на Бресквица прилично ѝ се промени од времето кога имала 15 години. Освен што е 7 години постара, стана и популарна пејачка, а сето тоа следуваше и со промена на имиџот.
Сите со текот на годините се менуваме и немаме ист стил каков што сме имале пред неколку години. Тоа е сосема нормално и очекувано. Ретко кој останува верен на изгледот од годините кога бил млад. Бресквица не е една од тие исклучоци. Таа својот стил го промени во однос на периодот кога имала 15 години. Се појави снимка од неа додека ја пее песната „Skinny Love“. И сите се воодушеви со оваа верзија на пејачката, кога била во својата емо фаза. Црна коса, Ајрон Мејден маица и чокор.
@k1yaou Anđela Ignjatović aka Breskvica 2015. godine, such a talent since a young age @Andjela Ignjatovic @Andjela Ignjatović #breskvica #fyp #balkan #singing original sound - numb
Оваа верзија на Бресквица била и пред да се запознаат со Војаж. Сега нејзиниот стил изгледа многу поинаку, а не ни приближно сличен како порано. Таа сосема се има променето. Денес има долга црвена коса, ги зголеми усните и почна да се шминка.
Обожавателите во коментари пишуваат дека се растопиле и со причина - Бресквица била преслатка.
фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок