Бресквица во Скопје пристигна со новото момче: Во еден глас пееше со публиката во Ист Гејт Мол

Бресквица во Скопје пристигна со новото момче: Во еден глас пееше со публиката во Ист Гејт Мол

Објавена во: Stars // Музика

Српската пејачка Анџела Иѓњатовиќ - Бресквица синоќа настапи на Connect фестивалот во Ист Гејт Мол во Скопје, како главна ѕвезда на вечерта на овој музички спектакл. 

Пејачката позади сцената пристигна со новото момче, држејќи се за раце, а беа придружувани од обезбедување. Очигледно тој ѝ е голема поддршка и често ја придружува на настапите, иако таа сѐ уште не објавува фотографии со него, барем не такви каде што му го открива лицето. 

Штом стапна на големата бина, Бресквица доби громогласен аплауз од публиката. 

Пејачката имаше впечатлив стајлинг, носеше сиви панталони и бела маица со ракави, во комбинација со патики и, видливо расположена танцуваше и пееше во еден глас со големиот број на тинејџери кои дојдоа да се забавуваат со нејзините песни. 

Инаку пред Бресквица, настап имаше нашиот рапер Кристијан Тасковски - Таско. 

Тој со неговата енергија ја размрда публиката до максимум, а дури неколку пати се симна да ги пее неговите хитови меѓу верните фанови. 

Овој настан се одржа во рамките на долгонајавуваниот „Open Air - East Gate Mall Connect Festival“, за кој се најавени концерти на многу познати музички ѕвезди од Македонија и регионот.

Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: